ПСВ го добива легендарниот напаѓач како нов тренер

Легендарниот напаѓач Руд ван Нистелрој е пред назначување да биде нов тренер на екипата на ПСВ.

Некогашниот холандски голгетер ќе седне на клупата на великанот од Ајндховен, кој не е задоволен од работата на Роџер Шмид, кој на крајот од сезоната ќе си замине од оваа позиција.

Своевремено ѕвездата на Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Хамбургер во моментов е тренер на младиот тим на ПСВ.

Чудна е ваквата одлука да не биде продолжена соработката со тренерот којшто го врати ПСВ во рамноправна борба за титулата со Ајакс, кој навистина игра одлично последниве сезони.

ПСВ со Марио Геце по 27 натпревари има 64 бода, односно два помалку токму од Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести