ПСВ направи чудо против Базел, Адеми и Динамо веќе мислат на следниот ривал

Хрватскиот првак Динамо Загреб победи со 2:0 на гости кај Сабуртало во Тбилиси и сега е на чекор од пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Модрите сега треба само рутински да ја сочуваат предноста во реваншот на свој терен. И пред дуелот, Динамо беше голем фаворит, а отпорот на домаќините беше скршен во последната четвртина од средбата.

Орсиќ погоди за 1:0 во во 67-мата минута, а 11 минути подоцна Петковиќ од пенал го потврди триумфот на гостите. Како по обичај, капитенската лента на Динамо ја носеше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. За следната фаза може веќе да размислува и Копенхаген, кој со 2:0 на гости го победи ТНС од Велс. Копенхаген даде по еден гол во двете полувремиња.

Во дербито од оваа фаза, ПСВ во Ајндховен со неверојатен пресврт стигна до победа против Базел од 3:2. Домаќините поведоа со голот на Брума во 14-тата минута, а Ајети израмни пред крајот на првиот дел. Во второто полувреме Баланта донесе предност за Базел, но ПСВ не се предаде. Со погодокот на Ламерс во 90-тата минута стигна до 2:2, а во третата минута од судиското надополнување домаќините дадоа и трет гол за триумф, кој им дава поголеми шанси дека може да одат во следната фаза.

Резултати: П’лзењ – Олимпијакос 0:0, Сабуртало – Динамо 0:2, ПСВ – Базел 3:2, ТНС – Копенхаген 0:2, Сутјеска – АПОЕЛ 0:1.

Освен дуелите во ЛШ, се одиграа неколку меча и од квалификациите во Лигата на Европа. Резултати: Арарат – Линколн 2:0, Торшавн – Линфилд 2:2, Шкендија – Дуделанж 1:2, Санта Колома – Астана 0:0.

 

- Оглас -

Најнови вести