ПСЖ џабе игра со Мбапе, Меси и Нејмар кога не може да даде гол

Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен одиграа без погодоци во дербито на француското првенство. Во првото полувреме двете екипи дадоа по еден погодок, но и двата гола беа поништени поради офсајд-позиции.

ПСЖ тргна офанзивно со Мбапе, Нејмар, Меси и Ди Марија во офанзивниот ред, но тоа не резултираше со погодок. Олимпик имаше огромна поддршка од публиката, а домашните навивачи воопшто не беа пријателски расположени кон гостите, па кога Нејмар требаше да изведува корнер, мораше да има и полициска заштита.

И со овој освоен бод, ПСЖ останува убедлив лидер во првенството со 28 бода од 11 меча, додека тимот од Марсеј има 18 бодови од 10 меча и моментно е на четвртото место.

- Оглас -

Најнови вести