ПСЖ добива конкуренција: Саудиски принц го купува Марсеј

Олимпик Марсеј наскоро може да добие нов сопственик кој има намера да инвестира и да ја прекине доминацијата на ПСЖ во француската Лига 1. Новиот сопственик на тимот од „Велодром“, како што се најавува, ќе биде саудискиот принц Ал Валид Бин Талал, член на кралското семејство на Саудиска Арабија.

Како што известуваат француските медиуми, сегашниот прв човек на Марсеј, Френк Мекурт, ќе го продаде клубот за околу 250 милиони евра, а дел од средствата ќе се искористат за покривање на досегашните трошоци.

Принцот Бин Талал поседува компанија чија вредност е 18 милијадри долари, што лесно може да се претпостави дека инвестициите во клубот ќе бидат големи, а Марсеј повторно ќе биде конкурент за тронот во Франција.

Клубот чека на трофеј од 2012 година, сезоната 2009/10 се памети како последна во која Марсеј беше шампион на Франција по 10-ти пат во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести