ПСЖ е шампион, но друг клуб доминира во изборот за најдобар тим во Франција

На две кола до крајот на првенството во Франција, екипата на Пари Сен Жермен го одбрани тронот. Ѕвездениот тим на Светците, предводени од ударното трио Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар е најдобар, сезоната ја одбележа и одличната игра на екипата на Ленс која е на второто место и обезбеден настап во Лигата на шампиони.

Француската лига направи селекција на најдобриот тим за оваа сезона, а интересно е тоа дека од Ленс има повеќе фудбалери, отколку од шампионот ПСЖ. Очекувано од ПСЖ во идеалниот тим е тројката Мбапе, Меси, Нејмар, но освен овие тројца, ниту еден друг играч од шампионот не е во најдобрите 11 во Франција.

Од таборот на второпласираниот Ленс има дури четворица фудбалери, што само покажува за добрата игра на овој тим. Тука се голманот Брис Самба, десниот бек Пржемислав Франковски, стоперот Кевин Дансо  и играчот за врска Абдул Самед.

Во идеалниот тим на Франција место има и за Шансел Мбапе од Олимпик Марсеј, левиот бек на Клермон Нето Бохрес, како и за Бранко Ван ден Бомен од Тулуз во средината. Во нападот е и Александре Лаказет од Лион.

- Оглас -

Најнови вести