ПСЖ гостува на тимот кој дома реди само победи

1182 Тотенхем – Астон вила (15 ч.)

Тотенхем има дури осум победи во последните девет средби против Астон вила и секогаш тоа биле мечеви со барем два гола, а дури шест пати било 3+. Тотенхем сезонава дома игра одлично и има шест победи во осум меча со дури 21 даден гол.

Астон вила на гости сезонава е со само пет освоени бодови од осум дуели и реално тоа е тим тешко може да се врати непоразен од гостувањето во Лондон.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.16)

 

1183 Нотингем Форест – Челзи (17:30 ч.)

Ова ќе биде прв лигашки дуел на овие два тима во 21 век. Во изминативе 20-тина години, играле пет пати во Куповите на Англија и Челзи секогаш победувал, а интересно е дека три пати резултатот бил 2:0.

На деветте последни дуели на овие клубови секогаш имало барем два погодоци. Челзи е гостин, но фаворит со победа да ја започне 2023 година.

Предлог тип: 2&2-4 (2.35)

 

2844 Лион – Клермон (17 ч.)

Лион има разочарувачки 16 кола во француското првенство и веќе заостанува 20 бодови зад лидерот ПСЖ. Олимпик Лион нема да се бори за титулата, но факт е дека оваа екипа има за цел да излезе во Европа и затоа мора да почне да освојува по три бода.

Клермон е цели девет меча е без победа (пет пораз и четири реми), па многу веројатно е и овојпат да остане без бодови.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

2845 Ленс – ПСЖ (20:45 ч.)

Дерби на првиот и вториот на табелата, а ПСЖ секако дека е фаворит за победа. Сепак Ленс сезонава игра перфектно дома и во осум меча има исто толку победи, па на Светците ќе им биде тешко да се радуваат посебно ако се знае дека се без ѕвездите Меси (одмор) и Нејмар (суспендиран), како и уште неколку значајни играчи.

Се очекува фајтерска игра и меч со голови во двете полувремиња. На пет од последните шест меча на овие клубови било со голови во мрежите на двата тима.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

1604 Ковентри – Бристол сити (16 ч.)

Ковентри е на 14. место во Чемпионшип, но е само три бода заостанување зад Сандерленд кој е на четвртото место на табелата, што доволно зборува за тоа колку се израмнети екипите. Бристол е тим кој игра отворено па затоа има дадено, но и примено преку 30 гола во досегашните 25 кола.

Ковентри има поквалитетен состав и најреално е тука да се радува домашниот тим.

Предлог тип: 1 (2.11) – Квота од Супер типот

 

- Оглас -

Најнови вести