ПСЖ и Барселона тргнуваат со по тројца Французи во почетните состави

Пари Сен Жермен и Барселона со очекувани состави стартуваат во пресметка за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кај париските Светци кои победија со 4-1 на првиот меч во Барселона, повратникот Анхел Ди Марија е резерва, а во нападот се Икарди и Мбапе. Каталонците во офанзивниот дел ќе се потпираат на Меси, Гризман и Дембеле.

Ливерпул брани 2-0 од првиот меч со Лајпциг во Будимпешта, овие два тима повторно се среќаваат на неутрален терен на стадионот „Ференц Пушкаш“. Црвените немаат намера да ја бранат предноста, туку ќе се обидат повторно да триумфираат и да стават печат на пласманот меѓу осумте најдобри. Фирмино е во аут, па Жота ги придружува Мане и Салах во нападот.

- Оглас -

Најнови вести