ПСЖ може да го добие Родригес кога и да посака

Иако пред неколку дена потпиша за катарскиот тим Ал-Рајан, Хамес Родригес во секое време може да заигра за ПСЖ, нормално, ако на францускиот тим му требаат неговите услуги.

Ваква клаузула досега не е видена во фудбалот, а таа е направена бидејќи овие два тима се под сопственост на државата Катар, а во тимот од Франција вложени се многу големи пари.

Сепак, реалноста дека ќе го видиме Хамес во дресот на ПСЖ е мала, иако никогаш ништо не се знае.

Само пред неколку дена, Родригес потпиша за Ал-Рајан откако дојде од редовите на англискиот премиерлигаш Евертон.

- Оглас -

Најнови вести