ПСЖ најде нова „жртва“ од Милан за кого ќе платат 70 милиони евра

По последната декада, трансферите од Милан во ПСЖ се интензивираа, а последен таков беше тој на голманот Џанлуиџи Донарума.

Иако чуварот на мрежата дојде како слободен агент по одличниот настап на ЕП, сепак тој е дете на Милан, а се чини дека наредното лето ќе бидеме сведоци на уште еден трансфер.

Станува зброр за Рафаел Леао за кој ПСЖ е подготвен да му плати дури 70 милиони евра на тимот, но и шест милиони евра плата на годишно ниво за фудбалерот.

Италијанскиот великан засега не планира да го продаде еден од најдобрите играчи сезонава, но ПСЖ со својата најавена реконструкција во тимот јасно е дека нема да застане на оваа понуда.

Претходно од Милано кон Париз своевремено се упатија и Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва.

- Оглас -

Најнови вести