ПСЖ од Реал за Нејмар ги бара Варан и Винисиус

Пари Сен Жермен се сврте кон Реал Мадрид околу евентуална продажба на Нејмар, бидејќи по позајмицата на Кутињо во Баерн, каталонците не се баш во состојба да ги исполнат финансиските услови кои ги бараат „светците“.

Единствената шанса на Барса да го донесе Нејмар е ако со ПСЖ се согласат Бразилецот да биде позајмен, со тоа што следното лето, Барселона задолжително би требала да му го откупи скапиот договор.

Сега Реал делува како фаворит за привлекување на Нејмар кој веќе нема намера да игра за ПСЖ и тренира сам, а не со останатите фудбалери на парискиот клуб. Но, преговорите на ПСЖ ниту со Реал не се лесни. Французите ги барале Винисиус и Варан или Кејлор Навас, а од друга страна, од Мадрид преферираат да го понудат Хамес Родригес и уште некој што не е во плановите на Зинедин Зидан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести