ПСЖ остана без Бредли Баркола

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, заработи повреда по победата од 0-3 над Челзи во Лондон. Крилниот напаѓач има истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб.

Од клубот потврдија дека ќе биде надвор од терените во наредните неколку недели, што значи дека ќе ги пропушти и претстојните натпревари на Франција на крајот од месецот.

Баркола беше заменет во 59-тата минута од натпреварот против Челзи, кога на негово место влезе Дезире Дуе. Токму Баркола беше стрелец на вториот гол за својот тим во убедливата победа.

- Оглас -

Најнови вести