ПСЖ подготви „безобразна“ понуда за Квадарона

Управата на ПСЖ го означи фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацхелија, како главен приоритет во летниот преоден рок, и нема да жали пари за да го реализира трансферот.

Весникот „Кориере дело Спорт“ пишува дека Светците подготвија дури 180 милиони евра за трансферот на Кварацхелија, и доколку се реализира, би го израмниле вториот најголем трансфер во историјата. Токму ПСЖ плати 180 милиони евра кога од Монако го купи Килијан Мбапе. Светците го направија и најголемиот трансфер во фудбалот, на Барселона и искешираа 222 милиони евра за Нејмар.

Кварацхелија сезонава игра фантастично и на 29 натпревари постигна 13 гола, а има и 15 асистенции, со што го привлече вниманието на најголемите и најбогатите фудбалски клубови. Тој заедно со Виктор Осимен, се најзаслужни за се поизвесното освојување на титулата во Серија А како и за пласманот во четвртфиналето во ЛШ каде ги чека двомеч со Милан.

Договорот на Грузиецот со Наполи истекува во 2027 година, но „Кориере дело Спорт“ пишува дека сигурно челниците на италијанскиот тим добро ќе размислат кога ќе пристигне „безобразната“ понуда од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести