ПСЖ подготвува замена за Мбапе, во Париз може да слета играчот што долго ќе ја памети Македонија

Карим Адејеми има само 19 години, но сигурно ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок и по големиот интерес за него од Баерн Минхен, сега и Пари Сен Жермен најавува дека ќе се вклучи во трката за ангажман на фудбалерот на Ред Бул Салцбург.

Во ПСЖ се свесни дека Килијан Мбапе е на заминување бидејќи неколкупати одби да го продолжи договорот и од јануари веќе ќе може да преговара со заинтересираните клубови, а ги има многу. Како замена го подготвуваат токму 19-годишниот Адејеми.

Карим игра одлична сезона и веќе постигна 10 гола во 11 кола во австриското првенство, со што е прв стрелец. Вкупно сметајќи ги сите настапи во сите натпреварувања сезонава има дадено 14 гола и запиша две асистенции, од кои едната ќе ја памети долго.

Адејеми играше за германската репрезентација во Скопје против Македонија пред две недели, кога гостите не прегазија со 4:0, а тој при последниот гол на Мусијала беше асистент. Тоа му е прва асистенција како член на националната селекција на четирикратнот светски првак.

Претходно и Баерн најави дека има сериозни намери да го купи Адејеми од Салцбург уште во јануарскиот преоден рок, а и тие се подготвуваат за заминување на една голема ѕвезда, па 19-годишниот играч во иднина би требало да биде замена за Роберт Левандовски.

Планот на Баерн е да го купи играчот на Салцбург во следниот преоден рок, но и да го остави во Салцбург до крајот на оваа сезона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести