ПСЖ сака да пазари во Ливерпул, без 80 милиони евра не треба да се појавува на разговори

Францускиот шампион ПСЖ е заинтересиран во летниот преоден рок да го купи фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијас, но ќе мора добро да го одврзе ќесето, објавија француските медиуми.

Со заминувањето на Килијан Мбапе по завршување на сезоната, ПСЖ ќе доживее голем удар и на играчки и на маркетиншки план и поради тоа налето планира да донесе барем две суперѕвезди и неколку екстра квалитетни играчи како Дијас.

Прв избор кај суперѕвездите е двоецот од Серија А, Виктор Осимен и Рафаел Леао, а веднаш под нив на списокот на желби на управата на ПСЖ се наоѓа токму Дијас, кој игра одлично во дресот на Ливерпул.

Според медиумите, Ливерпул нема намера да го пушти Дијас за помалку од 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести