Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го задржи Мауро Икарди и на подолго време. Аргентинскиот напаѓач дојде меѓу Светците пред почетокот на сезоната и тоа како позајмен играч од Интер. Во договорот постои опција ПСЖ да го откупи Икарди за сума од 70 милиони евра.
Сепак, поради кризата која се случи поради Коронавирусот, ПСЖ се обидува да заштеди на евентуалниот договор со Икарди. Во Интер стигна понуда според која францускиот шампион е подготвен да го откупи договорот на Икарди, но за сума од 60 милиони евра (50 милиони ерва да бидат платени веднаш, а останатите 10 милиони преку разни бонуси).
Икарди одлично се снајде во ПСЖ и покрај опасната конкуренција во нападот успеа да се наметне и на 31 меч постигна вкупно 20 погодоци.