ПСЖ со услуга за Елмас, ја купува ѕвездата на Наполи

Пари Сен Жермен е блиску да комплетира уште еден трансфер летово, откако се постигна договор со Наполи за услугите на Фабијан Руис. Шпанскиот играч за врска се сели во Париз за сума од 25 милиони евра плус одредени бонуси, а таму веројатно го чека четиригодишен договор.

Наполи нема избор освен да го продаде еден од главните играчи на тимот, со оглед на тоа дека Руис влезе во последната година од договорот и не сака да ја обнови соработката. Претседателот Де Лаурентис пред неколку години одбиваше астрономски понуди за Руис кои достигнуваа до 80 милиони евра, а цената на сегашниот трансфер е неспоредливо евтина во однос на моменталните случувања на трансфер-пазарот.

Со заминувањето на Руис, Елмас ќе биде во можност да го зациментира своето место во стартните 11 кај Спалети, па македонскиот дијамант слободно може да им се заблагодари на Светците што го купуваат шпанскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести