ПСЖ со втор тим против Ленс, затоа и квотата за победа на Светците е необично голема

Марко Верати ќе биде најголемата ѕвезда на Пари Сен Жермен на гостувањето кај Ленс во првото коло од француската лига. Светците одбраната на титулата ќе ја почнат без десетина играчи кои се важни за тренерот Томас Тухел, а ќе ги нема и двајцата први голмани.

Победата на ПСЖ не е толку сигурна како што би била ако тимот беше комплетен, па затоа и квотата во Sport Life за триумф на гостите од Париз е прилично голема.

Тухел на списокот играчи ги стави Бакер, Бернат, Дракслер, Ерера, Керер, Кимпембе, Курзава, Сарабија, Верати, но листата на отсутни е спектакуларна. Поради престој во карантин или поради повреда, ќе ги нема Ди Марија, Кулибали, Фресанж, Икарди, Капо, Маркињос, Мбапе, Мбе Сох, Кејлор Навас, Нејмар, Паредес и Рико.

- Оглас -

Најнови вести