ПСЖ во Истанбул стартува со Нејмар, Мбапе и Кен во нападот

Дуелот на „ранетите“ лавови Истанбул Башакшехир и Пари Сен Жермен е меч од големо значење за двата тима, затоа и не чуди тоа што тренерите се определија во стартните состави за пресметката од 18.55 часот за најдоброто што го имаат на располагање. Двата тима загубија во првото коло, особено непријатен беше домашниот пораз на европскиот вицепрвак од Манчестер јунајтед, па вечерва решени се да ги освојат трите бода.

Тимот на тренерот Тухел средбата ќе ја почне со силна напаѓачка тројка, Нејмар, Мбапе и Кен. Италијанецот е во добра форма и доби шанса да игра заедно со двете големи ѕвезди. Интересно ќе биде да се види како Данило, кој дојде од Порто, ќе се снајде како централен дефанзивец покрај Маркињос бидејќи на Данило природна позиција му е последен играч за врска во средниот ред.

И Краснодар и Челзи, кои играат во истиот термин, нема зошто да калкулираат и во нивните стартни состави нема особено големи изненадувања. Русите и Англичаните одиграа нерешено во првото коло.

- Оглас -

Најнови вести