ПСЖ вторпат по ред поразен дома, Лион ги освои бодовите (Видео)

Екипата на ПСЖ вторпат по ред загуби на домашен терен, нешто што е незамисливо за “светците“ од Париз. Лион со победата со минимални 1-0 ја однесе победата од Паркот на принцовите и ја продлабочи кризата во ПСЖ.

Откако првиот дел заврши без голови, Бредли Баркол во 56. минута го постигна единствениот погодок на мечот. Екипата на Лион имаше можност да поведе уште во првиот дел, но Лаказет промаши пенал во 39. минута.

ПСЖ останува на лидерската позиција во Франција со шест бодови предност пред Ленс и Олимпик Марсеј.

Единствениот погодок од натпреварот можете да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести