ПСЖ замената за Меси ја пронајде во Манчестер Сити, веднаш после финалето тргнува во “акција“

ПСЖ веќе го договори трансферот на Марко Асенсио од Реал Мадрид за следната сезона, но тоа нема да биде единствениот и најголемиот трансфер на “светците“ ова лето.

Клубот од Париз планира во своите редови да го донесе португалскиот репрезентативец Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој треба да биде замената за Лео Меси.

Не е тајна дека Силва сака да си замине од Сити и бара нов предизвик во кариерата. Во минатото се поврзуваше со трансфер во Барселона, но сега ПСЖ излегува во предена план и сосема извесно е дека после 6 години ќе се врати во Франција.

Тој во Манчестер Сити пристигна во 2017-тата година од Монако за 50 милиони евра, а сега ПСЖ е подготвен да плати 70 милиони евра за неговите услуги.

Се очекува ПСЖ официјална понуда да испрати после финалето од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести