Зорилја е последниот бастион за Валенсија на патот кон ЛШ

Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт (15.30 часот)

Баерн Минхен игра одлично против Ајнтрахт и има пет победи на последните шест дуели, но и пораз што се уште ги пече, ланскиот во финалето на купот на Германија.

И сега е на некој начин финале, односно последно коло во Бундеслигата, а на актуелниот првак му одговара и нерешен резултат за да ја одбрани титулата.

Ајнтрахт нема што да брани во Минхен, а со евентуална победа би чекал кикс на Баер и на Борусија Менхегладбах за да игра во Лигата на шампионите.

Двете екипи играат ефикасно, такви беа и мечевите меѓу нив во последно време, па головите се најдобра опција.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.80) Квота на денот

 

Валјадолид – Валенсија (16.15 часот)

Пред „Зорилја“ имаше ред за билети уште од почетокот на оваа недела, а навивачите на домашниот тим сакаат со голема поддршка да им с заблагодарат на играчите за опстанокот во Ла Лига.

Гостите од Валенсија сепак имаат поинакви планови и можат со победа да стават печат на нов настап во Лигата на шампионите. Валенсија има подобар меѓусебен биланс со Хетафе и со три бода од „Зорилја“ ќе имаат сигурен настап во ЛШ.

Предлог тип: 2&ГГ (2.95)

 

Хетафе – Вилјареал (16.15 часот)

Хетафе ќе игра во Мадрид, но ќе мисли повеќе на исходот на дуелот меѓу Валјадолид и Валенсија. Ако победат против Вилјареал, а Валјадолид успее да остане непоразен на свој терен против лилјаците, Хетафе ќе обезбеди историско учество во Лигата на шампионите.

Пред се треба да се надигра и победи Вилјареал, екипа што има обезбедено опстанок во Ла Лига, па освен за престиж нема посебни амбиции за игра денеска на Колосеумот „Алфонсо Перес“ во Мадрид.

Предлог тип: 1&ГГ (3.20)

 

Манчестер сити – Ватфорд (18.00 часот)

Доминацијата на Манчестер сити во Англија може да биде крунисана со упте еден вреден трофеј во ФА купот. Избраниците на Пеп Гвардиола се големи фаворити на „Вембли“, а статистиката со меѓусебни дуели на двата тима е апсолутно на страната на актуелниот првак.

Манчестер сити нема пораз од Ватфорд во 14-те досегашни дуели во сите конкуренции, а 12 од нив се победи, последните 10 едноподруго. Имаше и многу убедливи победи на Сити од 6:0 и 5:0 во последните две сезони, па јасно е дека играта на Ватфорд им „лежи“ на фудбалерите од Манчестер.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.05) Квота на денот

 

ПСЖ – Дижон (21.00 часот)

Вкупната гол-разлика на последните три дуели на овие две екипи е неверојатни 15:0 за Пари Сен Жермен, шпто јасно покажува кој е фаворит за нова победа.

ПСЖ оддамна ја освои титулата во Франција, но вечерва ќе го игра последниот меч дома, пред своја публика и ќе се обиде со нова голеада против омилениот противник Дижон да приреди забава за своите симпатизери.

Дижон бие грчевите битка за опстанок, се наоѓа во опасната зона, но „Паркот на принцовите“ за нив е уште поопасно место за гостување. Последните две гостувања во Париз им беа кошмарни, загубија со 0:8 и 0:3, па ќе се обидат пред се да избегнат нова катастрофа, а ако им се укаже можност и да приредат подвиг.

Сепак, шампионот на Франција има моќна екипа и е голем фаворит за победа.

Предлог тип: Т1 1+I& Т1 3+ (2.05) Квота на денот

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести