Пу, пу не важи: Сити се откажува од Меси поради поради две причини

Манчестер сити нема да го доведе Лионел Меси дури и да е тоа како слободен играч, тврди реномираниот „Скај спорт“ во Англија. Меси има договор со Барселона до крајот на сезонава, а Сити уште летово сакаше да го купи Аргентинецот, но тогаш тоа не го дозволија челниците на каталонскиот гигант.

Сепак, по овие неколку месеци, работите драстично се промениле. Граѓаните се премислиле и сега воопшто не размислуваат да го доведат Меси во своите редови.

„Вратата на Сити е затворена за Лионел Меси. Нема да има никаква понуда. Можам да зборувам со авторитет затоа што некој кој е близок до Манчестер сити нема да испрати понуда до Меси. Тој влегува во залезот на својата кариера и веќе не игра на истото ниво како што играше во Барселона во изминативе 17 години. Дури и да дојде бесплатно, Сити на неговата плата ќе потроши 100 милиони евра, што секако не е исплатливо во време на пандемија“, пишува новинарката Семра Хантер за „Скај спорт“.

Меси сезонава не игра на посакуваното ниво и единствено голови има дадено од пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести