Публиката ќе види барем три гола на стадионот на Леванте

1301 Леванте – Кадис (21.00 часот)

Мечот нема никакво значење за двата тима, па може слободно да одиграат без премногу да се грижат дали ќе примат гол и да ја задоволат публиката која ќе се најде на трибините. Леванте ако победи, ќе го стигне Кадис по бројот на бодови. Барди и другарите дома не победиле уште од 12 март, па можеби сега им е шансата против тим кој загуби во претходните две кола. Во јануари, кога овие два тима се сретнаа во Кадис, резултатот беше 2-2, нема да биде изненадување ако се повтори нешто слично.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.83)

 

1024 Блекпул – Оксфорд јунајтед (20.45 часот)

Ова е реванш од полуфиналето на плејофот во Лига 1. Блекпул го доби првиот меч со убедливи 3-0 и не би требало да има проблем да оди понатаму со надеж дека ќе се најде во Чемпионшип. Блекпул има серија од пет победи по ред, сите без примен гол. Оксфорд ретко игра нерешено, има низа од 16 меча без реми. Овие тимови трипати играа меѓу себе сезонава и Оксфорд не постигна ниту еден гол, па тешко ќе им биде и вечерва.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

1925 Цирих – Вадуз (20.30 часот)

Гостите од Лихтенштајн со победа ќе си осигурат плејаут наместо да ризикуваат Сион да ги престигне и директно да испаднат од швајцарската Суперлига. Ова е последно коло, Цирих има обезбедено опстанок бидејќи му бега четири бода на Вадуз. Вадуц е најнеефикасен тим во лигата, и да победи, веројатно тоа ќе биде тесно. Последниот домашен меч на кој Цирих не даде гол беше токму против Вадуз на 27 јануари.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

1276 Дандалк – Шемрок роверс (20.45 часот)

Шемрок е најсилен тим во Република Ирска, лидер е на табелата, не знае за пораз по 11 кола и има примено само седум гола. Дандалк има серија од три кола по ред без победа, во 11-те кола победи само двапати. Сепак, Дандалк е незгоден ривал за Шемрок, го победуваа во Купот и Суперкупот. На 2 април, Шемрок роверс славеше со 2-1, додека есеноска беше 4-0 за нив на гостувањето кај вечерашниот противник.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.09)

 

1711 Тулуз – Гренобл (20.45 часот)

Ова е полуфинална битка за влез во француската Лига 1. Тулуз беше трети, а Гренобл четврти во регуларната сезона. Домашните се фаворит на хартија и се во малку подобра форма, но ваквите нокаут-мечеви се специфични и во нив можни се секакви изненадувања. Тулуз на својот стадион не знае за пораз во 2021 година, додека Гренобл од 2 март наваму не славел на гости. И традицијата е на страната на Тулуз, дома секогаш победувал против Гренобл, и тоа без примен гол. Во јануари беше 2-0.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести