Публиката непријателски настроена, Ѓоковиќ возврати: „Ајде дојди тука“ (Видео)

Најдобриот тенисер на сите времиња има „спор“ старт на Отвореното првенство на Австралија и со многу мака успеа да дојде до третото коло, откако во првите две губеше сет од тенисери кои се аутсајдери. Публиката на „Род Лејвер арената“ е непријателски настроена кон Србинот и постојано го провоцира, а денес голема поддршка имаше домашниот тенисер Алексеј Попирин, но и Хрватот Призмиќ во првото коло.

Во четвртиот сет еден од гледачи очигледно нешто го навреди Србинот, а тој се упати кон трибините и му се обрати на гледачот со зборовите: „Слези долу и кажи ми го тоа во лице“.

https://twitter.com/eurosport/status/1747605367000060168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1747605367000060168%7Ctwgr%5Ef4d232f531c153285045b79d35392e0a855f5d9b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-kako-se-djokovic-svadjao-s-navijacem-sidji-dolje-i-reci-mi-to-u-lice%2F2530154.aspx

Ваквото однесување на публиката беше тема и по натпреварот, а Ѓоковиќ очигледно беше лут на дофрлањата.

„Не сакате да знаете што ми рече. Многу работи ми беа кажани од тој дел на трибината. Толерирав во текот на мечот, но по еден поен му реков да слезе и да ми го каже тоа во лице. Немаше храброст за такво нешто. Му преостана само да се извини. Не ги сакам овие работи. Прифаќам ако нешто сум згрешил, но нема да толерирам кога некој ќе ја помине линијата. Луѓето ќе испијат малку повеќе и веројатно затоа така се однесуваат. Сакаат забава, никогаш не сум побарал некој да биде отстранет. Платил билет и може да зборува што сака, но во овој случај ако има нешто да ми каже, треба да се симне и да го стори тоа“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести