Публиката се смееше, Кирјос и Хачанов се чудеа, јутјубер се шишаше среде меч на Отвореното првенство на САД (Видео)

Еден љубител на тенисот кој седеше во првите редови на трибините на Отвореното првенство на САД за време на четвртфиналето помеѓу Ник Кирјос и Карен Хачанов го привлече вниманието на гледачите кога среде меч негов пријател фризер почна да го потстрижува.

Џон Мекинро, кој работи како телевизиски коментатор, искоментира дека ова е чудно време за правење фризура и дека после ова нема нешто што не видел на тениските терени и околу нив.

Фанот кој доби нова фрузира, всушност, е познатиот Јутјубер ЏиДион.

Зуењето на машинката им пречеше на играчите, па реагираше обезбедувањето и „берберот“ и неговиот муштерија беа исфрлени од трибините.

Погледнете како изгледа кратко потстрижување среде тениски меч на грен-слем:

- Оглас -

Најнови вести