Публиката се враќа на трибините за завршницата на ОП на Австралија

Полицискиот час во Австралија заврши по пет дена, а со тоа и публиката се враќа на трибините за завршницата на Отвореното првенство на Австралија.

Полуфиналните и финалните дуели во машка, женска и парови категорија ќе се играат пред половично исполнетата арена „Род Лејвер“, односно ќе присуствуваат околу 7.700 гледачи.

Првиот овосезонски гренслем почна со гледачи на трибините, меѓутоа австралиските власти ги зајакнаа рестрикциите откако во земјата се појави британскиот сој на корона-вирусот. Мерките сега се олеснуваат, па така и завршницата на гренслемот ќе биде повозбудлива со публика на трибините.

Во машка конкуренција, полуфиналните парови се Ѓоковиќ – Карацев и Циципас – Медведев, додека во женска конкуренција играат Осака – Вилијамс, односно Мухова – Барти.

- Оглас -

Најнови вести