Пушти ги децата нека играат: Тинејџерите на Шахтар како Меси и Суарес (видео)

Вторник и среда се денови за Лигата на шампионите, како за најдобрите 32 екипи од Европа така и за нивните младински тимови. Вчера меч од групната фаза во младинската ЛШ одиграа Аталанта и Шахтар Донецк, кој зарвши без победник при конечни 2-2.

Највозбудливот момент од тој меч го приредија гостинските фудбалери од Украина. Шахтар во 25-тата минута поведе преку најстрога казна, но наместо да се изведе пеналот како што е обичај, Мудрик и Судаков одлучија да ги копираат Меси и Суарес. Наместо шут, следуваше кратко додавање и топката заврши во мрежата.

Меси и Суарес ова го направија пред неколку години во победата над Селта Виго со 6-1.

https://twitter.com/Talent____Scout/status/1179069501700268034?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1179069501700268034&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FChampions-League%2Fa309859-Igrala-se-deca-Klinci-Sahtjora-kao-Mesi-i-Suares.html

- Оглас -

Најнови вести