Путин даде 8 гола, па „го бакна“ мразот (Видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема да го памети по добро хокеарскиот меч во Сочи, поточно она што му се случи после завршувањето на традициoналниот егзибициски натпревар на кој и тој самиот учествуваше и даде дури осум голови.

Путин за време на отпоздравувањето кон публиката, вртеше почесен круг низ лизгалиштето, но беше невнимателен, не виде дека на едно место мразот е покриен со црвен тепих, па тој се сопна и падна на земја. Луѓето кои лизгаа околу него го забележаа потенцијалниот проблем, но не без доволно брзи за да го спречат паѓањето на 66-годишниот популарен политичар. Путин веднаш стана и продолжи како ништо да не се случило.

Традиција е во Русија претседателот на државата еднаш годишно да игра меч со легендите на овој спорт. Во екипата на Путин која победи со 14-7, беа некогашните НХЛ мегаѕвезди Павел Буре и Игор Ларионов, како и министерот за одбрана, Сергеј Шојгун.

Погледнете како Путин не го виде тепихот и падна:

 

- Оглас -

Најнови вести