Путинцева игра за покер против Осака во Осака

Наоми Осака – Јулија Путинцева (ВТА Осака, 05 часот)

Осака игра во Осака и засега добро и оди. Наоми го брани првото место на ВТА листата и мора да победува на турнирот во родната Јапонија за да ја заврши сезоната на врвот.

Малку ја поправи формата во последно време, иако не игра на нивото на гренд-слем шампионка во вториот дел од сезоната.

Јулија Путинцева за неа е незгоден противник, а Осака се уште нема победа против Казахстанката во меѓусебните дуели. Моментно е 3:0 за 28-рангираната на светот, а сите три победи на Путинцева против Осака се со 2:0 и се на брза подлога.

Тоа повикува на внимание и иако според коефициентите во Sport Life Осака е фаворит. Играта на Јулија не и лежи, па ќе се обидеме со плус гемови.

Предлог тип: > 21.5 (1.97)

 

Камила Џорџи – Елиз Мертенс (ВТА Осака, 05 часот)

Една од најатрактивните тенисерки на светот, Камила Џорџи прескокна добар дел од почетокот на 2019 година, па сега во финишот игра многу солидно. Има две финалиња во август, на турнирите во Вашингтон и во Бронкс. И двете ги загуби, но драстично ја поправи формата и може да и се спротивстави на деветтата носителка Елиз Мертенс.

Белгијката имаше одличен настап на последниот гренд-слем сезонава, неодамна на САД опен, каде загуби од шампионката Бјанка Андреску со 2:1 во сетови и тоа по голема битка во четвртфиналето.

Ова е прв меѓусебен меч за Џорџи и Мертенс, а ќе типуваме дека мечот ќе биде долг и неизвесен.

Предлог тип: > 21.5 (1.90)

 

Мисаки Дои – Анастасија Пављученкова (ВТА Осака, 06.30 часот)

Анжелик Кербер ја чека противничката во полуфиналето, а Дои и Пављученкова треба да ја завршат започнатата работа во четвртфиналето.

Мечот меѓу двете врснички беше прекинат на самиот почеток, при предност за Пављученкова од 2.0 во гемови. Пред стартот на четвртфиналето коефициентите беа речиси израмнети, но сега имате можност во Sport Life да се обложите и на продолжението на мечот.

Коефициентот за победа на Русинката сега е 1.30, а за пресврт и успех на Мисаки квотата е 3.50. Дои ќе игра пред своја публика и не е невозможна мисија да стаса до победа.

Интересно е што и во 2016 година имаше прекин на првиот меѓусебен дуел меѓу Дои и Пављученкова. Играа во Вухан, Кина и Русинката по долга битка го предаде дуелот во третиот сет поради повреда.

И сега Дои може да изненади и ќе типуваме дека ќе ја победи Пављученкова.

Предлог тип: 2 (3.50)

 

Лорен Дејвис – Зарина Дијас (ВТА Вухан, 05 часот)

И Лорен Дејвис и Зарина Дијас се врснички, имаат по 25 години, а и тие две како и Дои и Пављученкова одиграа еден меѓусебен дуел што не беше завршен.

Во Вашингтон во 2015 година Дијас го предаде мечот во 1/16-на финалето поради повреда. Сега играат за пласман на главниот турнир во Вухан, а тенисерката што ќе победи во финалниот меч од квалификациите ќе игра на главната сцена на кинескиот турнир.

И двете се во солидна форма, имаа добри резултати во последно време, иако не освојуваа титули. Дејвис е подоброрангирана, но според коефициентите Дијас е фаворитка за настап на главниот турнир во Вухан.

Ние ќе типуваме дека ќе има три сета, или повеќе гемови од понудената граница од 21.5 во Sport Life.

Предлог тип: > 21.5 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести