Рабио е голем малер – „Закачи“ Ковид-19 и нема да игра во финалето на Лига на Нации

Адриен Рабио е позитивен на Ковид-19 и веќе е во изолација, па ќе го пропушти финалниот мечмеѓу Франција и Шпанија што ќе се игра утре на „Сан Сиро“ во Милано.

Репрезентативецот на Франција и играч на Јувентус настапи во драматичното полуфинале со Белгија, кое популарните „Триколори“ го добија со 3:2 со голем пресврт во второто полувреме, откако губеа со 0:2 по првиот дел.

На тој меч Рабио беше стартер и играше до 75. минута, кога беше заменет со Чуамени при резултат 2:2.

Играчот за врска има одиграно 22 натпревари за Франција и се уште го чека првиот гол за националната селекција, но поради позитивен тест на корона вирус нема да има шанса за такво нешто, утре од 20.45 часот во финалето на Лигата на Нации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести