Рабио ги мина лекарските тестови и потпиша за Јувентус (Видео)

Адриен Рабио по седум години во ПСЖ, премина во Јувентус, и тоа како слободен играч, со што клубот од Торино уште еднаш потврди дека е мајстор за привлекување фудбалери, и тоа гратис, без да плати отштета. Рабио денеска ги мина лекарските прегледи, по што стана член на Јуве, а и клубот го потврди тоа.

Плејмејкерот Рабио, кој има 24 години, за ПСЖ одигра 240 меча и директниот придонес му беше 25 гола и 18 асистенции. Има и шест настапи за француската сениорска репрезентација. Тој утре ќе биде претставен пред медиумите.

Интересно е што Рабио на меч против Рен, како играч на париските „светци“, си даде автогол и не сакајќи му ја затресе мрежата на Џиџи Буфон. Рабио и Буфон и сезонава може да бидат соиграчи ако се потврди дека ветеранот се враќа на голот на Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести