Рабио и во Јуве ќе носи дрес со бројот 25

Адриен Рабио на денешното претставување пред медиумите како нов член на Јувентус, кажа дека разговорот со Џанлуиџи Буфон многу му помогнал во одлуката да потпише за „старата дама“.

Тој како слободен агент прејде во Јуве, каде веројатно најчесто ќе биде резерва, но ќе има плата од 7 милиони евра годишно, а го избра дресот со бројот 25. Истата бројка ја имаше и во ПСЖ.

„Кога Јувентус ме контактираше, одлучив дека сега е вистинско време да прифатам да играм тука. Многу разговарав со Буфон, тој ми даде многу информации во врска со клубот. Истотака ме привлече и играњето со Кристијано Роналдо. Не сум се сретнал со тренерот Сари, но сите што ги запознав, добро ме прифатија. Претходните месеци беа тешки за мене, мотивиран сум за новата авантура. Јувентус е клуб со богата традиција и ова ми е чекор напред, без да навредам никого во ПСЖ“ – рече Рабио кој сака да игра на левата страна од средината на теренот која сега ја покрива Матуиди, а Јуве го купи и Арон Рамзи.

 

- Оглас -

Најнови вести