„Работата нè е завршена“ – Пиоли со видео од Коби Брајант ги мотивирал играчите на Милан (ВИДЕО)

Милан со 2:0 ја совлада Аталаната и во последното коло потребно е само да не загуби на гостувањето кај Сасуоло за по 11 години да дојде до титулата во Серија А лигата.

Вчера на „Сан Сиро“, домашниот тим заслужено дојде до победата, а предводикот Стефно Пиоли откри еден навистина интересен детаљ.

„Пред натпреварот им покажав видео на фудбалерите на кое што Коби Брајант вели дека работата нè e готова иако неговиот тим има предност од 2:0.

Мораме да ја задржиме концентрацијата и на последниот меч и да го победиме Сасуоло бидејќи само така ќе ја освоиме титулата. Не постои друга опција за нас, освен победа“ изјави Пиоли.

Милан има 83 бода, два повеќе од Интер, но во последното коло на „миланезите“ им одговара и нерешен резултат поради подобар меѓусебен дуел.

- Оглас -

Најнови вести