Работнички набрзина го реши Шкупи

После победата од 120-77 на гостувањето во Чаир кај Шкупи, екипата на Работнички се искачи на првото место на табелата во првата кошаркарска лига на Македонија, со еден бод предност во однос на МЗТ Скопје кој е слободен во ова коло, а два бода повеќе од Блокотехна.

Иако вчера тимот на тренерот Марин Докузовски играше дерби против Блокотехна, не им беше проблем да играат и втор ден по ред, бидејќи ривалот е преслаб за оваа конкуренција.

Одмораше капитенот Мираковски, во составот го немаше Чековски, па во отсуство на ветераните и давањето нешто помала минутажа на поискусните, во Работнички шанса да поиграат добија и некои од младите.

Виктор Ефремовски беше најефикасен со 23 поени, Стајиќ и Јанески уфрлија по 18. Работнички даде дури 22 тројки, додуша од 45 обиди. Кај Шкупи, Елвис Хот имаше 22 поени и 10 скока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести