Македонскиот првак Шкендија по елиминацијата на Вардар, ќе се пресмета со уште еден скопски тим во Купот на Македонија. Денешната ждрепка одреди тетовци да ги одмерат силите со Работнички во битката за пласман во полуфиналето.
И бранителот на трофејот, тимот на Академија Пандев го очекува тешка задача во двомечот против Шкупи, додека останатите двојки се Брегалница – Лабуништа и Струга ТЛ – Ренова.
Првите мечеви се закажани на 4 декември, а реванш-средбите на 4 март следната година.
Четвртфинални парови – Куп на Македонија
Шкендија – Работнички
Брегалница – Лабуништа
Струга Трим Љум – Ренова
Шкупи – Академија Пандев