Работнички си купи младински репрезентативец за крај на преодниот рок

Работнички беше убедливо најактивен од сите проволигаши во летниот преоден рок, за за крај го купи и потенцијалниот младински репрезентативец Стефан Јевтовски.

Играчот ос средниот ред има 21 година и солидно интернационално искуство. Играше за Вараждин, Арсенал Киев и Локомотив Пловдив, а во Работнички доаѓа без отштета, како слободен играч.

Јевтовски има настапи за македонските млади репрезентации во сите категории, а досега не играл само за сениорската селекција на нашата земја.

Има играно и во нашето првенство за Металург, па Работнички ќе му биде втор домашен клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести