Раде Богдановиќ: Пикси по скратена постапка полагаше во Македонија за тренерска профи лиценца

Популарниот српски фудбалски аналитичар, некогашниот играч на Атлетико Мадрид и Вердер, Раде Богдановиќ, ја вмеша и Македонија во неговиот конфликт со актуелниот српски селектор Драган Стојковиќ-Пикси.

Богдановиќ е чест критичар на работата на Пикси, го прозва и дека зема огромна месечна плата од 120.000. Стојковиќ на тоа одговори дека не знае кој е тој Раде Богдановиќ.

Раде не остана без одговор.

„Ќе се претставам, родум сум од Сараево, од татко Слободан и мајка Нада. Бидејќи не ме познава, ќе му кажам конкретно. Еден месец пред да избега од Србија, дојде во Македонија по скратена постапка да полага за профи лиценца, за да може да работи во Јапонија како тренер. Знам во тоа време како функционираше Сојузот и како се добиваа лиценците. Мала им беше Србија, па отидоа во Македонија, беа 6-7 тренери со 3-4 љубовници. Бевме на Дојранско езеро, а собата на Пикси беше спроти мојата. Дента кога дојде, замина да се тушира, но никој не му кажа дека нема вода преку ден поради рестрикциите. Излезе од собата со пешкир околу половината, а на главата имаше пена од шампон. Со едно затворено око ме праша дали има топла вода, му кажав дека нема и дека мора со ладна да се тушира. Многу добро знам дека ме знае“, раскажа Богдановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести