Раде Стојановиќ нов тренер на Тиквеш

Радослав Стојановиќ е нов шеф на стручниот тренерски тим во ракометниот суперлигаш ГРК Тиквеш 2014.

„Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион, па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натпревар и за секој бод во плејофот“, рече родениот велешанец Стојановиќ во првата изјава како тренер на кавадарчани.

Поранешниот македонски репрезентативец е и актуелен селектор на машката младинска репрезентација на Македонија.

Тој му се враќа на клупскиот ракомет откако претходно три сезони го водеше составот на Охрид, а работеше и во младинските категории на Металург.

Кавадарчани сезонава покажаа дека може да им парираат на сите ривали, особено дома, па ќе бидат незгоден ривал за секого во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести