Радикален протест среде НБА меч, жена со ланец се врза за кошот (Видео)

Натпреварот од првото коло на плејофот во НБА лигата помеѓу Мемфис гризлис и Минесота тимбервулфс, кој го добија гостите мина и во знакот на една жена која реши на необичен начин да протестира против сопственикот на тимот од Минеаполис, Глен Тејлор, кој има и една фарма за пилиња.

Нешто слично се случи неодамна на фудбалскиот меч помеѓу Евертон и Њукасл, кога навивач се врза за стативата.

Жената која се врза за конструкцијата на кошот со еден метален ланец, носеше маица на која пишуваше „Глен Тејлор пече живи животни“. Една организација го обвини Тејлор дека на фармата намерно ја исклучил вентилацијата и со тоа усмртил 5 милиони пилиња, наводно поради сомнеж за птичји грип.

Не е познато како жената успеа во сала да го внесе долгиот ланец, и како се врза за кошот. Очигледно дека обезбедувањето потфрлило.

- Оглас -

Најнови вести