Свети двојката со квота 5.60 – Романците вербално се распукаа пред мечот со Македонија, ги скара натурализиран Португалец

Романците вербално се распукаа пред мечот со Македонија на 25.март, а повторно на мета на критиките е селекторот Мирел Радои, за кого е неизвесно дали ќе биде на клупата на премиерниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство во Катар идната година.

Радои има позитивен тест на Ковид-19, но се надева дека ќе ја предводи Романија против Македонија во Букурешт, задутре од 20.45 часот.

Но, тоа не му е единствената мака, особено откако се одлучи дополнително да го повика левиот бек на романскиот шампион, Марио Жорге Паулињо, или попознат како Камора.

Родениот Португалец, кој има и романски пасош има два настапи за романската репрезентација и можно е дури и да биде стартер против Македонија.

„Ова е веќе патетика. Ова не е фудбал. Камора не е во форма, никогаш и не покажал дека е квалитет за да игра за репрезентацијата, а имаше патетичен настап против Стеауа. Тој е само сенка од тоа што го очекувавме кога му дадовме романски пасош“, вели Корнел Дину, некогашниот селектор на Романија.

На критиките се приклучи и Басараб Пандуру, познат романски тренер, кој исто така се чуди на изборот на Радои.

„Камора одигра многу слаб меч за Клуж против Стеауа, виновен е за вториот гол, а игра слабо подолг период. Од каде се најде во репрезентацијата не ми е јасно“, вели Пандуру.

Претходно, Радои трпеше критики за Александру Митрица, кој според дел од романските фудбалски експерти требаше да биде и стартер против Македонија, а не е повикан во репрезентацијата, а реагираше и Константин Будеску, кој исто така не е повикан за мартовскиот циклус на квалификации.

Поранешниот фудбалер на Стеауа дури и му испрати видео порака на Радои на Инстаграм, како прави склекови, за да потврди дека е во топ-форма и дека нема вишок килограми, објаснување што го понуди селекторот за да не го повика во националниот состав.

На овој меч, но и на уште 24 дуели од квалификациите за Мундијалот во Катар можете да се обложувате во Sport Life.

Коефициентите за дуелот во Букурешт се со квоти 1.77 за победа на Романија, 3.55 за нерешено и високи 5.60 за триумф на Македонија.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести