Рафаел Надал стигна до 12-та рекордна титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал го одбрани пехарот на Ролан Гарос по победата над Доминик Тим во финалето со 3-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-1, 6-1). Шпанецот беше голем фаворит во пресрет на овој дуел и сосема очекувано ја оствари победата со која стигна до рекордна 12-та титула на Отвореното првенство на Франција.

Во ланското финале на Ролан Гарос, истите финалисти се бореа за титулата, а тогаш Надал беше подобар со 3-0 во сетови.

Тим на стартот покажа сила и потенцираше дека нема лесно да му дозволи на Надал да дојде до титулата, но по 3-2 во гемови за Австриецот Надал се разигра и го сврте сетот со два брејка и поведе со 1-0. Во вториот сет беше израмнето до 5-5, а Тим освои два последователни гема откако му одзеде нов сервис на фаворитот и дојде до израмнување.

Се очекуваше неизвесно продолжение, а се случи потоп на Тим. Надал следните два сета ги освои со доминантни 6-1, 6-1, што значеше ново крунисување на „Кралот на земјата“.

- Оглас -

Најнови вести