Рафиња влезе во елитно друштво во кое досега не можеше ниту да се замисли

Фламенго во инфаркт завршница против Ривер плејт ја освои втората Копа Либертадорес титула во својата историја. Херојот на бразилскиот состав беше Габриел Барбоса, кој со два гола во финишот го сврте резултатот на 2-1 против неодамнешниот јужноамерикански шампион.

Ова финале долго ќе се памети, како едно од најдраматичните воопшто во фудбалот, но и за Рафиња ќе има посебно значење. Поранешниот бек на Баерн Минхен, кој сега ги брани боите на Фламенго, влезе во елитно друштво во кое до вчера не можеше ниту да се замисли.

Тој е 10-от јужноамерикански фудбалер кој успеал да ги освои континенталните титули во Европа и Јужна Америка, откако Стариот Континент го покори со Баварците во 2013 година.

Рафиња на тој начин влезе во друштво со Дида, Кафу, Сорин, Роке Жуниор, Тевес, Самуел, Роналдињо, Нејмар и Данило, како единствени со вакво остварување.

- Оглас -

Најнови вести