Рангник го пикира првото засилување за Манчестер јунајтед

Ралф Рангник од вчера и официјално е нов тренер на Манчестер јунајтед.

Германскиот стручњак, кој шест месеци ќе биде на клупата на овој тим, а потоа и две години ќе биде консултант на тимот, веќе ги има првите планови со екипата.

Ако може да им се верува на медиумите од Англија, Ралф веќе го пронашол првото засилување за тимот од „Олд Трафорд“.

Станува збор за Амаду Хајдара, играч од средниот ред на РБ Лајапциг, кој во јануари би дошол за сума од околу 40 милиони евра.

Хајдара поточно игра на позицијата последен играч за врска, а во Лајпциг е од 2019 година и оттогаш има 67 настапи и шест постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести