Рај за обложување се ЕП и Копа Америка – Голови за добивки паѓаа во 93-тата минута, со 20-че велешанец си ќари над 700 евра (Фото)

Обложувачите беа во форма, а натпреварите на Европското првенство и на Копа Америка се покажаа како рај за одлични добивки во Sport Life.

ВО ВЕЛЕС ИМАШЕ ДРАМА, СЕ ЧЕКАШЕ 93 МИНУТИ ЗА ДОБИВКА ОД НАД 50 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Топ-тикет e уплатен во Велес, а мајстор за обложување погоди неверојатни 14 пара и со минимален влог само од 20 денари, си доби над 700 евра во нето-износ.

Авантурата почна со дуелот меѓу Швајцарија и Шпанија, одигран мајсторски со знак ГГ, а потоа се нанижаа уште 13 погодоци.

Интересно е што мајсторот од Велес имаше погодено 12 меча во петокот, а се чекаше триумф на Бразил во полноќното четвртфинале со Чиле и дуелот од третата јапонска лига меѓу Јокохама и Каматамаре што се играше вчера рано наутро од 8 часот.

Бразилците требаше да победат и успеаја да го елиминираат Чиле со 1:0, иако тука имаше драма. Карикоите играа долго со фудбалер помлаку откако беше исклучен Габриел Жезус, но издржаа и не примија гол за минимален триумф.

За добитен тикет остана само јапонскиот меч и тука се случи најголемата драма на тикетот со 14 пара. Потребниот погодок за добивка во бруто-износ од 52.366 денари домаќините го постигнаа во 93-тата минута за пораз од 1:2 и фатен тип ГГ.

МЕСИ НЕ ЗАДОЦНИ, ДОНЕСЕ ОГРОМНА РАДОСТ И ЌАР ВО ГОСТИВАР

Само со три одиграни натпревари, два во четвртфиналето на Европското првенство и еден на Копа Америка во истата фаза, обложувач со тикет уплатен во Гостивар си ќари одлична добивка од околу 2.000 евра во нето-износ во Sport Life.

Двата дуели од ЕП во саботата меѓу Чешка и Данска и Украина против Англија се погодени со идентична игра 2-2&3+, па се чекаше дуелот меѓу Аргентина и Еквадор во четвртфиналето на Копа Америка.

Аргентинците требаше да победат, да водат и на полувреме, со услов да има и најмалку три гола на мечот со Еквадорците. Тука имаше и најголема драма на тикетот уплатен во Гостивар за 1.500 денари.

Родриго де Паул погоди во 40-тата минута за 1:0, со што беше исполнет првиот услов, Гаучосите да имаат предност по првото полувреме, но потоа беше исклучително драматично.

Лаутаро Мартинес погоди за 2:0 во 84-тата минута, резултат што не беше доволен за добивка од 137.085 денари на тикетот само со три пара, но за радост се погрижи Лионел Меси.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња постигна гол во 93-тата минута за убедлива победа на Аргентина од 3:0 и за супер добивка што е исплатена во објектот на Sport Life во Гостивар.

ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ Е УТНАТ, СИСТЕМСКИ ТИКЕТ СЕПАК ДОНЕСЕ ТОП-ДОБИВКА ВО РЕСЕН

Системските тикети овозможуваат и со промашен натпревар да се стигне до одлична добивка, а токму тоа се случи во објектот на Sport Life во Велес.

Од вкупно 15 натпревари одиграни во двоен систем 4/6 и 3/5 со четири фиксни типови, промашен е само последниот меч меѓу Америка МГ и Сантос, но сепак добивката е топ и изнесува 141.287 денари во бруто-износ.

Тој дуел од бразилското првенство е типуван со ГГ, но гостите, односно Сантос не успеја да ја затресат мрежата на Матеус Кавичиоли, па резултатот од 2:0 за Америка МГ не ја донесе максималната можна добивка од 361.558 денари.

Сепак, со систем и со уплата од 550 денари во Велес во објектот на Sport Life е исплатен одличен тикет во нето износ од околу 2.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести