Рајан ја изби таман (Видео)

Рајан Херингтон си постигна ефектен автогол во 10. минута од дуелот на неговиот ТНС против Лудогорец, како најава за гол-шоуто на бугарскиот тим, што заврши со победа од 5:0 против велшките „светци“.

Стоперот на ТНС сакаше да ја избие топката од шеснаесетникот, но го стори тоа несмасно, па Лудогорец поведе со неговиот смешен автогол.

https://www.youtube.com/watch?v=snp0QZKi0_k

Потоа се нижеа голови во мрежата на тимот од Велс, а стрелци беа Чибота, Лукоки, Кесеру и Моци. Лудогорец е релиси сигурен патник во финалето на квалификациите за настап во Европа Лигата, или популарниот плејоф.

Идентична победа од 5:0 забележа и Ајнтрахт Франкфурт, но на гости кај Вадуза, а ефикасни беа и фудбалерите на Астана со пет гола во триумфот од 5:1 со Валета.

Резултати на досега завршените мечеви од првото квалификациско полуфинале:

Астана – Валета 5:1, АЕК Ларнака – Гент 1:1, Пјуник – Вулверхемптон 0:4, Спарта Прага – Трабзонспор 2:2, Брондби – Брага 2:4, Универзитатеа Крајова – АЕК Атина 0:2, ЦСКА Софија – Зорија 1:1, Вентспилс – Гимареш 0:3, Хаугесунд – ПСВ Ајндховен 0:1, Малме – Зрињски 3:0, Мариупол – АЗ Алмар 0:0, Молде – Арис 3:0, Нефчи – Бнеи Јехуда 2:2, Шериф Тираспол – АИК 1:2, Тун – Спартак Москва 2:3, Антверпен – Плзен 1:0, Феенорд – Динамо Тбилиси 4:0, Локомотив Пловдив – Стразбур 0:1, Лудогорец – ТНС 5:0, Макаби Тел Авив – Судува 1:2, Сараево – Бате Борисов 1:2, Дуделанж – Номе Калју 3:1, Митјиланд – Глазгов Ренџерс 2:4, Норчепинг – Хапоел Бер Шива 1:1, Риека – Абердин 2:0, Австрија Виена – Аполон 1:2, ФЦСБ – Млада Болеслав 0:0, Вадуз – Ајнтрахт Франкфурт 0:5.

 

 

- Оглас -

Најнови вести