Нема голови по првото полувреме во финалето на Конференциската лига помеѓу Кристал палас и Рајо Ваљекано кое се игра во Лајпциг.
Важноста на мечот за двата тима е огромна, на двата клуба ова им е прво европско финале, за Рајо прво какво било финале во својата 102-годишна клупска историја. Победникот ќе обезбеди деветти претставник на Англија или Шпанија во еврокуповите во следната сезона, тој што ќе триумфира вечерва, ќе биде дел од Лигата на Европа.
Интересно е и дека за двајцата тренери, Оливер Глазнер и Ињиго Перес, ова е последен меч во нивните сегашни тимови, но само еден ќе си замине со историски трофеј.

