Рајо Валјекано се подготвува за „живот“ по Димитриевски и пикира голман на ПСЖ

Иако се појавија деманти околу трансферот на Столе Димитриевски во Барселона, јасно е дека Рајо Валјекано тешко дека ќе го задржи македонскиот чувар на мрежата.

Столе со одличните свои претстави го привлече вниманието на голем број клубови кои се на повисок ранг од Рајо и ќе се обидат да го доведат во своите редови, дали сега или пак во летниот преоден рок.

На управата на Рајо ѝ стана јасно дека тешко ќе го задржат Димитриевски во своите редови, па според некои информации, тие се подготвуваат за „живот“ по него.

Тешко дека ќе го остават младиот Лука Зидан да биде прв голман со оглед на неискуството. Но, Серхио Рико од Пари Сен Жермен е реална опција.

Тој не може да добие шанса покрај Џанлујџи Донарума и Кејлор Навас и наводно е на излезни врати од клубот.

Шпанскиот прволигаш испратил понуда за позајмица со право на откуп на Рико, но барем засега нема одговор од францускиот гигант.

Рико своевремено важеше за еден од најталентираните голмани во Шпанија и го носеше дресот на Севилја во периодот од 2014 до 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести