Ракетите испалија рекорден број на тројки, и го победија Милвоки

Хјустон рокетс го победи Милвоки бакс со 120-116 во дербито на вечерта во НБА лигата, а средбата ќе остане запишана во историјата на лигата по бројот на обиди за три поени кои ги имаше тимот од Тексас. Џејмс Харден, Расел Вестбрук и нивните колеги кон кошевите упатија дури 61 шутеви за три поени, што е изедначување на НБА рекордот. Погодија 21 тројка, што е 34,4 отсто од обидите.

Рокетс нема пораз во два меча во Светот на Дизни. Вестбрук со 31 поен и осум асистенции, беше лидер на Ракетите, додека Харден придонесе со 24 поени по седум скока и асистенции. Веструк има серија од 36 меча по ред на кои дава над 20 поени.

Јанис Адетокумбо со 36 поени беше најефикасен, но во последните пет минути, даде само еден кош. Кај Бакс добри беа и Крис Мидлтон со 27 поени и 12 скока, и Брук Лопес со 23 поени и 12 скока. Ако победеа, Елените ќе си го обезбедеа првото место Истокот.

Во останатите натпревари, постигнати беа следните резултати: Орландо – Сакраменто 132-116 (петта победа по ред за Магичните), Феникс – Далас 117-115 (Лука Дончиќ постигна 40 поени, но неговиот тим загуби од Санс кои имаат 2-0 по рестартот на сезоната), Бостон – Портланд 128-124 (Џејсон Тејтум со 34 и Џејлен Браун со 30 поени без творци на триумфот, кај Портланд, Лилард и Нуркиќ уфрлија по 30 поени) и Мемфис – Сан Антонио 106-108 (Спарс изби на деветто место на Западот и ако влезе во плејофот, тоа би била рекордна 23-та сезпна по ред во која учествуват во разигруавњето за титулата).

- Оглас -

Најнови вести