Ракетите знаат само за рафал, дури и кога нишанот не им е наместен

Хјустон зголеми на 2-0 во серијата против Оклахома од првата рунда по триумфот од 111:98. Во овој меч Ракетите поставија нов рекорд за шутнати тројки на еден меч од разигрувањата.

Упатија вкупно 56 шута од дистанца, а само 19 обиди беа успешни при реализација од 33,9 отсто. Харден не беше напаѓачки расположен и погоди само два од вкупно 11 обиди за три поени, завршувајќи со 21 поен.

Гордон не погоди ниту еднаш од 10 обиди, Хаус имаше 3/8 учинок, додека Такер имаше перфектни 4/4 за три поени. По шест шута упатија Риверс, Грин и Меклемор, Ковингтон шутна петпати од линијата за три поени.

Инаку, Хјустон го држи рекордот за најмногу упатени удари за три поени и во меч од регуларниот дел од сезоната. Во април 2019 година против Феникс шутнаа вкуно 57 пати.

 

 

- Оглас -

Најнови вести