Ракитиќ е човекот за победи против Краснодар (Видео)

Иван Ракитиќ е човекот за голови и победи на Севилја против Краснодар, а и вечерва, како и на првиот меч пред две седмици, Хрватот прв погоди за клубот од Андалузија.

Ракитиќ биеше прецизно во четвртата минута на „Краснодар арената“ за предност на гостите од Андалузија, кои со победа вечерва ќе обезбедат пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Претходно, пред две седмици на „Санчес Писхуан“, Ракитиќ со прв гол за Севилја намали на 1:2 против Краснодар и го најави пресвртот, што се случи потоа со два гола на Ен Несири, и тоа во ситуација кога домаќините играа со 10-мина фудбалери, по исклучувањето на Хесус Навас.

 

- Оглас -

Најнови вести